Maior P - AB
Maior P-AB моделот е двостепен пламеник на нафта, дизајниран за инсталација на модерни котли со висок отпор при согорувањето во ложишниот простор. Наменет е за големи капацитети, пред се за индустриски потреби. Maior P-AB моделот е опремен со сервомотор, кој овозможува воздушно усогласување на првото и второто ниво на пламен.
Овој систем гарантира правилно согорување, дури и при услови на низок пламен. Контролната табла инсталирана на MAIOR пламеникот овозможува преглед пред секој почетен круг, контролира безбедно стартување и мониторинг на параметрите на согорувањето.
- Алуминиумско куќиште до Maior P 200.1 и челично куќиште од P 300.1 со електричен панел интегриран на горилникот.
- Флексибилна глава за согорување на горилникот која во целост може да се приспособи на било кој облик на ложиштен простор.
- Двостепена верзија достапна со хидраулички систем или серво мотор со две дизни од Maior P35 до Maior P300.1 и со 3 дизни до Maior P 600.1.
- Новоразвиен пропорционален систем за прогресивна PR и модуларна MD верзија.
- Модуларна верзија со PID контролер со дигитален дисплеј и приказ на параметри во реално време.
- Прогресивна или модуларна дизна со повратен проток. Систем за затварање на дизната со електромагнетен вентил од Maior P700.1.
- Глава за согорување со флексибилен систем за приспособување на примарен воздух според баран капацитет.
- Лесно одржување со систем на шини за лизгање на горилникот. Како дополнителна опрема на барање од Maior P300.1 и во стандардна опрема од Maior P 700.1.
- Сите карактеристики на горилниците се флексибилни и одговараат на различни типови на домашни, комерцијални и индустиски инсталации.
- Специјален кит комплет за биодизел гориво на барање.
- Континуирана вентилација на барање
- Специјална верзија со тростепена регулација на барање
- Duo Block , Maior TS 300-25000 kW.
Надворешен линк
Сертификат за квалитет