Фабриката Fondital од Италија е една од најстарите производители на алуминиумски радијатори во Европа а со своето годишно производство од преку 38 милиони ребра се вбројува и меѓу најголемите производители во Европа. Моделот Calidor е само еден од широката гама на производи а воедно и најпопуларен модел. Радијаторите Calidor се дизајнирани така да издржуваат висок притисок, а се лиени со специјална усовршена легура со мала топлотна инерција која го прави овој радијатор многу штедлив. Радијаторите Calidor претставуваат синоним за елеганција. При нивната изработка, посебно внимание се посветува и на најситните детали. Фарбањето на радијаторите се одвива во две фази и тоа првиот слој се нанесува со метод на анафореза, метод со кој секој дел на радијаторот комплетно се заштитува, додека вториот завршен слој е фин прашкаст материјал, за на крај да се добие одличен електростатски исфарбан радијатор со совршено мазна и заштитена површина. Радијаторите Calidor се дизајнирани за работен притисок од 16 бари за кои фабриката гарантира нормална работа. Секое ребро во производниот процес е испитано на притисок од 24 бари пред да се продолжи со процесот на фарбање и пакување во кој што процеси следат уште неколку контроли на квалитет пред да излезе готов производ од фабриката.
|
Model
|
Depth
|
Height
|
Centre distance
|
Length
|
Connectios diameter
|
Water capacity
|
Weight
|
Heat output 50K
|
Heat output 60K
|
Expon.
|
Coeff.
|
|
Calidor
|
(C) mm
|
(B)mm
|
(A)
mm
|
(D)
mm
|
inches
|
litres/elem
|
Kg/elem.
|
W/elem
|
W/elem |
N
|
Km
|
|
350/100 S4
|
97
|
428
|
350
|
80
|
G1
|
0,27
|
1,16
|
93,5
|
118,79
|
1,3127
|
0,5502
|
|
500/100 S3
|
96
|
577
|
500
|
80
|
G1
|
0,32
|
1,39
|
114,6
|
145,47
|
1,3106
|
0,6796
|
|
600/100 S3
|
96
|
677
|
600
|
80
|
G1
|
0,36
|
1,59
|
132,6
|
168,33
|
1,3100
|
0,7886
|
формулата Ф=Кm ΔТn е во согласност со стандардот EN 442-1.
Термичките капацитети објавени во табелава се во согласност со European Standard EN 442-2, и се сертифицирани во независни лаборатории.